Белатор 206: Мусаси го претепа Мек Доналд, Џексон изедначи на 2-2 со Силва (ВИДЕО)

Гегард Мусаси во Сан Хозе за прв пат ја одбрани титулата на Белатор во средна категорија.

Мусаси во втората рунда го нокаутира шампионот во велтер катгеорија на Рори Мек Доналд.

33-годишниот ерменско-холандски борец го задржеше Канаѓанецот на дистанца со преден директ и со лоу кикови, а по неуспешниот обид за соборување на Мек Доналд се најде во милост и немилост на тупаниците и лактите на Мусаси.

Речиси десет години по последната борба Квинтон Џексон (38-13) го израмни резултатот со Вондерлеј Силва (35-14-1-1 НЦ) на 2-2 во нокаути. „Ремпејз“ со десницата во втората рунда го победи 42-годишниот Бразилец и го заврши со удари покрај жицата.

Даглас Лима е првиот полуфиналист на Гранд при во велтер. Во двобојот на поранешните прваци Бразилецот со давањеод позади во петата рунда го победи Андреј Корешков.

На Лима ова му беше втората победа во третиот меч со Корешков.

https://youtu.be/XvEYSm1B8W0

https://www.youtube.com/watch?v=bhUaImR1Ycc

https://youtu.be/z-7uiVBL28E

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО