БЏЏ супер ѕвездата Дави Рамос идниот месец се враќа во ММА

Davi Ramos

Светскиот ADCC (АДЦЦ) шампион до 77 килограми, Дави Рамос се враќа во ММА кафезот и тоа идниот месец на настанот Resurrection Fighting Alliance (RFA).

По освојувањето на АДЦЦ титулата минатата година, патем, изведувајќи го најатрактивниот потег на целиот настан, Рамос, изјави оти се надева дека ќе може да направи договор со УФЦ и дека планот за неговата иднина е враќање на ММА кариерата. Тоа не се случи, но Бразилецот стрпливо тренираше.

Сега конечно стигна повик и и тоа од организацијата РФА, која, всушност, многу често ја нарекуваат регрутен центар на УФЦ. Таму ќе настапи против Реј Серсере и тоа во лесна категоприја (70 кг). Тоа ќе биде негова прва ММА борба од октомври 2014 година, кога овој 29-годишник ја одработи својата единствена борба во Белатор. Тогаш од него подобар беше Дејвид Рикелс со судиска одлука.

Пред тоа Рамос успешно одработи четири борби, постигнувајќи победи со прекин во првата рунда, а еден од нив беше и против сегашниот УФЦ борец Жозе Киноне, а гопорази и поранешна УФЦ-овец Хуан Мануел Пуиг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО