„БЏЏ изродот“ го воодушеви светот: Освои сребрен медал во џудо во Рио (ВИДЕО)

Trevis Stivens dzudo OI

Тревис Стивенс е човек кој е најбрзо во историјата го заслужи црниот појас во бразилската џиу џицу. Според американските медиуми, овој спортски „изрод“ успеа тоа да го направи за само 18 месеци, што е неверојатен подвиг.

Но, вчера тој направи една неверојатна работа. Претставувајќи ги САД на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во џудо во категоријата до 81 килограм, Стивенс го освои сребрениот медал. Противниците до финалето ги запираше со БЏЏ зафати, што го воодушеви светот на боречките вештини.

Стивенс на патот до бесмртноста ги победи Робин Пацек, Шаходзбека Сабиров и Ивајло Иванов. Во финалето е поразен од најдобриот џудист на светот во оваа категорија – Хасан Халамурзаев. Русинот воедно е и актуелен шампион на Европа.

Ова е прв медал на Амерканците за мажи во џудо од 2004 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON