Бартот на Федор го напушти затворот во животна форма

Александар Емелијаненко наскоро ќе ја направо својата прва борба по три и пол години и една година откако беше ослободен од издржување затворска казна. Мора да признаеме дека помладиот брат на Федор остава впечаток дека е во одлична форма.

36-годишниот Емелијаненко наскоро треба да и се врати на борбите, а повеќе пати спомена дека затворот целосно му го променил животот. Рече декаа направил напредок во погледите на животот, но и во физичката подготвеност, која повеќе пати во кариерата ја запушти. Потпиша за чеченскиот Ахмат фајт и наскоро во промоцијата на Рамзан Кадиров би имал парво на настап.

Во последно време на Инстраграм често се пофалува со својата форма, па тоа се случи и овие денови кога објави две видеа. Веќе самиот поглед на Алекс ни дава впечаток колку сериозно работел на себе, особено ако знаеме дека едно време настапуваше на работ од границата од 120 килограми, со многу запуштено тело. Овој пат наведе дека е 115 килограми, но сè делува на своето место, како што се чини дека и кондициската подготвеност е на високо ниво.

Се надеваме дека наскоро ќе биде познат датумот на неговата борба и дека ќе можеме да се увериме дали овој впечаток е точен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО