Баргала боксерски шампион на Македонија

418

Последното 8. коло од Бокс лигата „Баргала“ на штипскиот клуб „Баргала“ му ја донесе шампионската титула за 2014 година. 

Bargala sampion 2014

Ова коло се одржа во Штип, кое, воедно, беше и 21 Државно првенство во поединечна конкуренција. Па така, шампиони на Македонија се: -48 кг Аксој Керимов-Баргала, -50 кг Шпенд Гафури-Шкендија бокс, -54 кг Метин Јашаров-Баргала, -60 кг Филип Димитров-Универрзалци, -63 кг Стојанче Стојанов-Баргала, -66 кг Ангел Арсов-Баргала, -80 кг Андрреј Митрров-Аперкат и +80 кг Назми Даути-Шкупи во кадетска конкуренција.

Јуниори: -60 кг Јасин Лама-Шкупи, -69 кг Африм Мурати-Шупи, -75 кг Осман Демиров-Баргала и -81 кг Гоце Јанески-Аперкат.

Сениори: -56 кг Идрис Бислими-Шкупи, -64 кг Афет Хајдерини-Шкупи, -69 кг Бојан Ристески-Охрид, -75 кг Димитар Јовановски-Охрид, -91 кг Димитар Ташков-Пинк пантер тим и +91 кг Александар Георгиевски-Аперкат.

Финални борби на Поединечното првенство:

 -69 кг Бојан Ристески (Охрид)-Метин Јашаров (Баргала) 0-3 – сениори

-60 кг Јасин Лама (Шкупи)-Џемаил Сакиповски (Фајтер-Илери) 2-1-јуниори

-54 кг Сухејб Имери (Шкупи)-Метин Јашаров (Баргала) 0-3 – кадети

-60 кг Филип Димитров (Универзалци)-Зекир Ламалари (Шкупи) 2-1 –кадети

Финалните борби во другите категории се одржаа претходното коло.

Резултати, сениори:

-81 кг Адем Адеми (Шкендија бокс)-Бобан Коцев (Пинк пантер тим) 2-1

Јуниори:

-64 кг Арбен Асани (Шкендија бокс)-Адил Бајрами (Шкупи) 0-2 (тко-3)

-69 кг Осман Демиров (Баргала)-Љуљзим Исмаили (Шкендија бокс) 2-0 (дис-2)

Кадети:

– 48 кг Љубен Селев (Универзаллци)- Аксој Керимов (Баргала) 0-2 (тко-2)

-60 кг Стојанче Стојанов (Баргала) Тони Кузмановски (Охрид) 3-0

+ 80 кг Назми Даути (Шкупи)-Еднон Јонузи (Шкендија бокс) 2:0 (тко-2)

Табела

  1. Баргала                       134 бода
  2. Шкупи                          122
  3. Шкендија бокс           80
  4. Аперкат                         72
  5. Охрид                             54
  6. Фајтер-Илери              50
  7. Универзалци               32
  8. Тернипе                          32
  9. Пинк пантер тим        30
  10. Ас                                      26
  11. Бранител                        12
  12. Пелбит                            5

 ipon.mk/В.Д.