Барбоза нема трпение да заврши со УФЦ

Едсон Барбоза со нетрпение го очекува последниот меч по договорот со УФЦ, за да открие што го чека понатаму.

35-годишниот ветеран не се борел од октомври 2020 година, кога го победи Макуан Амирхани по три последователни порази. По оваа борба, договорот на Барбоза предвидува само уште една во рамките на организацијата, а во моментот не е извесно кога ќе се одржи.

„Не, ништо не се смени. Разговарав со мојот агент во декември и му реков дека ако УФЦ сака да се борам, јас сум подготвен. Тренирав во декември, јануари. Спремен сум. Ако УФЦ наскоро најде ривал за мене, да се борам за последен пат, ќе го сторам тоа. Ако ми го продолжат договорот, да видиме што ќе се случи. Инаку ослободете ме. Во моментов имам три опции, но да видиме што ќе се случи. Имам уште еден меч и подготвен сум за тоа“, изјави Барбоза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON