Бар во Даблин експлодира при победата на Мек Грегор на УФЦ 202 (ВИДЕО)

Mek gregor selfi so navivaci

Напнатоста во центарот на Даблин се чувствуваше дури и од екраните додека Брус Бафер ги јавуваше резултатите од епската битка на Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз во Лас Вегас минатата сабота.

mek gregor dijaz respekt

Спортскиот бар во срцето на главниот град на Ирска беше „кренат на нозе“ за време на еден од најочекуваните реванши во историјата на Ултимејт фајтинг чемпионшип (УФЦ). Конор победи со судиска одлука и како може да се претпостави, ова и се допадна на ММА фанови во барот, кои останаа до 5:30 часот по нивно време, за да го поддржат својот љубимец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО