Балканското првенство за деца во Херцег Нови, Црна Гора, се претвори во балканска траума за македонските каратисти. До ipon.mk стигнаа реакции на родители за лошото сместување и плачот на децата.
Црногорската карате федерација понудила крајно некоректни услови за сместување, и тоа по 35 евра за лице-дете. Нашите деца биле сместени во преадаптирани подрумски простории, откако неколку тренери од Кеикс, Партизан –Кочани, Олимпик спорт, Фунакоши Гичин, и други се побуниле им го смениле местото на сместување.
„Известувајте што се случува во Херцег Нови на Балканското првенство за деца во карате. Како ги сместија децата во хотел по лутањето низ три хотели…„Срамота за карате федерацијата“, вели Александра Спасовска за ipon.mk, родител на каратист на Блаканското првенство.
Друг родител (М.М.) во дописот до нашата редакција вели:„Затоа, најубаво да си го прашате селекторот. Заради црногорската репрезентација нашата беше исфрлена надвор. Среќа што има добри родители, па ги префрлаа децата со кола до други хотели, кај што ќе најдевме место, иако сами си плативме“.
Некои родители кога разбрале што се случува во Херцег Нови веднаш тргнале таму.
Се обидовме да стапиме во контакт со портпаролот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Горан Милковски, но не беше достапен. Се надеваме дека во текот на денот ќе стапиме во контакт.
Сепак, треба да нагласиме дека целата организација е на Црногорската карате федерација, бидејќи таа ги дава сместувачките капацитети до останатите федерации, а туристичките агенции се само технички организатори.
Како и да е, нашата Федерација мора остро да реагира и нема од кого да се плаши, бидејќи се работи за деца, кои се нашата иднина и нашите идни шампиони.
ipon.mk/В.Д.