Балканец и Серхан Шаќиров најдобри на „Штипски боречки асови“ (ФОТО)

Balkanec na Borecki asovi 2015

Во Штип се одржа трофејот „Штипски боречки асови“ во знак на сеќавање на поранешните борачи и раководители на овој клуб. Учествуваа над 40 борачи од Македонија, Бугарија и Грција. Најуспешни беа борачите на Балканец, кои освоија четири први места.

Kire so pobednici na biorecki asovi

За најдобар борач беше прогласен Серхан Шаќиров од Балканец, а неговиот клупски другар Трајче Нацев го доби пехарот за најдобар техничар. За најдобар странски борач беше прогласен Мартин Димчев од Бугарија, а за најдобар техничар Јанис Марангопулос од Грција. Во екипна конкуренција најдобри резултати постигнаа борачите на Балканец. Тие освоиа четири први места. Во категоријата до 42 кг најдобри беа – Мартин Стојанов и Бобан Мијалев, двајцата од Балканец. Во категоријата до 46 кг- Емре Бекиров од Балканец, пред Мартин Костадинов од Бучим.
Најдобар во категоријата до 52 кг беше Џан Демиров од Балканец. Во категоријата до 54 кг Амер Мурат од Тефејуз, пред Пенчо Темелковски од 7-Мај- Прилеп. Трајче Нацев од Балканец беше најдобар во категоријата до 58, пред Андон Горгиев од Бугарија, Ангел Шапков, Бугарија, Горче Димов-Бучим, Марјан Мамичковски, 7 мај- Прилеп.

Serhan Sakirov na stioksi borecki asovi
63 кг: Мартин Димчов- Бугарија, Христијан Панков, 7мај (Леов), Андон Марковски , Неготино, Горги Топлавов, Балканец. 69 кг: Серхан Шакиров Балканец, Радослав Дојрланриев Бугарија, Јане Буревски, Неготино, Јанис Илијадис- Грција, Илиас Мартидинез- Грција, Милко Тренчев и Штерјо Горгиев- Бугарија, Иле Буревски- Неготино.
76 кг: Таснтикиис Александрос- Грција, Рамадан Мустафовски- Тефејуз, Стефан Тодоров- Бугарија, Капоглу Павлос –Грција, Џан Назифов – Балканец, 85 кг Марангопулас Јанис- Грција, Патрис Христос- Грција, Димитар Вандов- Неготино, Петар Тодев Балканец, Дарко Иванов- Балканец, 100 кг: Велко Тодоров – Бугарија, Пазидис Теодорос –Грција, Дарио Величковски- Балканец.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО