Балканец и Бучим на заеднички подготовки пред ЕП-а за пионери и кадети

Големите ривали во борењето Балканец и Бучим соработуваат за успех на европските првенства за пионери и кадети во Софија и Самоков во Бугарија.

На иницијатива на Балканец и Бучим се придружија и борачи на Вардар и Чаир.

Ова се двонеделни подоготвки кои ги водат тренерите Бобан Данов, Мијалче Ананиев, Горан Атанасов и Горан Стојанов. Оваа недела се одржуваат во Радовиш, а наредната во Штип. Пет момчиња и две девојчиња се од Балканец,како и две девојки од Вардар, а од Бучим има девет борачи, за да може да прават сапринзи.

На подготовките, освен момчиња, се повикани и девочињја од двата клуба, каде што тренер е Ангел Стефанов од Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО