Бадр Хари продолжува засилено да се подготвува за една од најголемите борби во кариерата, за титулата во тешка категорија со Рико Верховен, кој долги години го држи појасот и нема кој да го симне од тронот. Втората нивна борба ќе се одржи на Глори Колишн 2 на 21 декември во Арнхем на стадионот Гелредоме.
Двете легенди ќе имаат 5 рунди за да одлучат кој е подобар. Пред три години, Хари доминираше во првата рунда, но во втората се повреди и загуби со технички нокаут. Сега е во животна форма и самоуверено верува дека ќе постигне голема победа за 21-ви во Арнхем.
„Се приближува моментот на вистината. Сам и гледам на судбината во очи. На прв поглед сум сам, но не е така. Вашата секојдневна поддршка ме тера да чувствувам дека мојата војска е зад мене.
Заедно се приближуваме до голема победа. Време беше да се фокусирам и да работам во тишина. Се гледаме наскоро на 21 декември. Тие не се подготвени за мене“, порача Бадр Хари.