Бадр Хари: Верховен не го видел моето вистинско издание

Бадр Хари доби уште една шанса да се бори со Рико Верховен. Тие ќе се соочат по вторпат на Глори Колишн 2 на 21 декември во Арнем на стадионот Гелре доме. Првата борба меѓу нив се случи во декември 2016 година во Германија, а тогаш Хари се бореше многу внимателно и не го видовме во рингот со неговиот агресивен стил.

Бадр ја доби првата рунда, според бодувањето на судиите, но во втората влезе во клинч со Верховен и се здоби со повреда на раката, по што не можеше да продолжи и загуби со технички нокаут. Сега, три години подоцна, Мароканецот е уверен дека ќе може да се реваншира и да каже дека Верховен не го видел неговото вистинско лице, но дека во декември ќе го види.

„Тој за прв пат ќе се сртене со Бадр Хари“, порача Бадр Хари.

https://www.instagram.com/p/Bz-o9D5Ir39/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО