Бадр Хари стана татко на близнаци

Новата година почна многу добро за Бадр Хари (36) и неговата сопруга Дафне Романи (34). Станаа родители на близнаци. Ова го откри Дафне со фотографија на социјалните мрежи на која ги објави полот и имињата на децата. Близнаците се момче и девојче по име Ајдан и Нора.

Кикбоксерот сè уште ништо не изјавил за новите членови на семејството, но скоро никогаш не ги користи профили на социјалните мрежи за споделување лични работи. На крајот на ноември минатата година, Романи откри дека повторно е бремена. Ејден е првиот син на Бадр Хари.

Дафне и Бадр веќе имаат заедно три ќерки, Амбер од 2012 година, Худа од 2016 година и Аика од 2019 година. Минатиот месец го видовме Хари во рингот на Глори во борба со Бенџамин Адегбуи.

Бадр загуби со нокаут во третата рунда откако Адегбуи му го скрши носот и го собори. Тој сè уште не го коментирал поразот, но категорично напиша дека ќе се врати. Сега, кога неговото семејство расте, на Хари ќе му требаат пари и скоро сигурно повторно ќе го видиме во рингот.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО