Бадр Хари се врати во салата

Големата кик бокс легенда Бад Хари се врати во салата. 35-годишниот ветеран неколку месеци за време на карантинот тренираше дома, но очигледно салите веќе се отворија и тој е среќен што се врати.

Лошото момче овој месец требаше да се бори против Бенџамин Адегбај, но Глори ги откажа настаните поради Ковид-19. Битката меѓу нив се очекува да биде преместена на еден од првите настани со кои ќе се врати организацијата на кикбоксот.

Хари има скор од 106 победи, 15 порази, 2 дисквалификации и 1 без одлука. Тој се приклучи на Глори во 2016 година и направи три борби. Поради повредите, Хари двапати загуби со ТКО од Рико Верховен. Го победи Хесиди Гергес, но не успеа допинг-тестот и неговата победа беше помиштена.

Сега ќе тренира напорно во салата за да ја забележи првата победа под знамето на организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО