Мароканската легенда Бадр Хари не беше многу активен во 2018 година, но денес на социјалните мрежи сподели инормација дека тоа ќе се промени и дека ќе дели тешки нокаути во новата 2019 година.
Хари потпиша со Глори во 2016 година и му се спротивстави на Рико Верховен, но ја повреди раката и го загуби со ТКО во втората рунда, а првата, според судиите, ја добил. Две години подоцна се врати во Ротердам и на 3 март успеа да го порази Хесди Гергес со одлука на судиите откако симна неколку килограми, затоа што, како што тврди тој, загубил на брзината и кинењето било неопходно.
Денес рече дека тренирал со неговиот поранешен противник, а сега УФЦ-борец, Гохан Саки:
„Го острев оружјето со еден од најпрофесионалните и талентирани борци Гохан Саки. Годината 2018 беше година на напорна работа и посветеност. Годината 2019 ќе биде застрашувачка за борците во тешка категорија. Среќна Нова година“.
https://www.instagram.com/p/BsTUCt7hs5L/?utm_source=ig_embed
Според различни информации, тој ќе се бори во март со Џамал Бен Садик.