Бадр Хари е максимално мотивиран пред втората борба со шампионот Рико Верховен, што ќе се одржи на настанот Глори Колишн 2 на 21 декември во Арнем на стадионот Гелредом.
Тие веќе имаа прес-конференција на која стоеја лице в лице и уште повеќе го запалија фановите. И двајцата веруваат во нокаут-победа, но само еден ќе замине со подинати раце.
Пред три години Верховен славше во првата борба, откако Мароканецот се повреди во втората рунда. Сепак, сега работите се поинакви и ќе се борат во 5 рунди. За жал, на овој меч титулата не е залог, но Рико се заколна дека доколку загуби ќе му ја претотстапи на Хари, затоа што нема да се чувствува како шампион. Остануваат два месеци пред овој голем судир на две легенди, а Бадр реши да ја открие тајната за успехот:
„Нема тајни за успехот. Секоја минута слава е резултат на илјадници часови напорна работа, посветеност и жртвување“.