Бадр Хари одби да се бори поради земјотресот во Мароко

Бадр Хари се повлече од борбата со Џејмс МекСвини.

Двајцата требаше да се бори синоќа за помалку од еден час на главниот настан на Глори 88 кој се одржува во Париз, Франција. Хари влезе во рингот пред вечерниот хедлајнер и најави дека нема да се бори. Оваа одлука ја носи поради силниот земјотрес во Мароко.

Бројот на жртвите од земјотресот во Мароко достигна 1.037 лица, а повеќе од 1.200 се повредени. Болниците се преполни и се стравува дека бројот на загинати ќе биде многу поголем.Ова е најсилниот земјотрес во кралството во последните 120 години.

Хари изјави дека нема да се бори да ги забавува луѓето додека неговите сонародници бараат трупови во Мароко. Во рингот влезе и МекСвини и ја испочитува одлуката на противникот. Џејмс истакна дека не е добра идеја човек да се бори откако е погоден од толку силни емоции.

Организаторите на Глори објавија дека приходите од гала вечерта ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Мароко.

https://twitter.com/MoroccoCage/status/1700618084812296364?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1700618084812296364%7Ctwgr%5Eea9e2af37c1ffe84e91f579d711d524b65a209fe%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FMoroccoCage%2Fstatus%2F1700618084812296364image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО