Бадр Хари: Нема да имам милост спрема Хесди Герегес

Бадр Хари се враќа на 3 март за да го расчисти сметките со Хесди Гергес. Двајцата веќе имаат една меѓусебна средба во 2010 година. – тогаш Бадр Хари го удри Хесди Гергес додека беше на подoт.

Хари потпишал договор со Глори за неколку дуели, и ако успее да победи, сигурно ќе го видиме против Рико Верховен до крајот на годината. Бадр кажа што ќе прави со Хесди:

„Нокаутот е најдоброто нешто што може да се случи во еден меч. Ти дава огромен адреналин, неверојатно е – како да ја нацрташ Мона Лиза. Мотивиран сум повторно да ги нокаутирам луѓето, а ќе започнам со Хесди на 3 март. Не знам, се уште имам потреба од ритам во дуелите, но ако ми се пружи шанса нема да покажам милост. Секогаш има шанса за нокаут, но планот ми е да го нокаутирам“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО