Легендите на кикбоксот Бадр Хари и Рико Верховен ги загреаја навивачите на првата прес-конференција пред нивната борба. Пред неколку дена одговораа на прашања што ги поставуваа медиумите, а потоа се соочија.
Секој од нив верува во победа, но само еден ќе ги крене рацете по нивната борба на настанот Глори Колишн 2 на 21 декември во Арнем на стадионот Гелредом. И двајцата беа жестоки на прес-конференцијата, а потоа, продолжија да разменуваат пораки на социјалните мрежи.
Бадр Хари: „Не претендирав на прес-конференцијата. Ветувам дека во декември ќе го уништам пред мојата лојална армија навивачи. Не треба да заборавате кој е шефот. Јас бев, сум, и секогаш ќе бидам шеф“.
Рико Верховен: „Секој има план сè додека не го удрат во лице. Мора да изгледате силно кога сте слаби и слаби кога сте силни. Кој е подготвен за декември“?
Битката меѓу нив е во пет рунди, но сепак нема да биде за титулата во категоријата.