Бадр Хари и Адегбај се во многу добра фрома пред мечот

Претендентите за титулата во тешка категорија на Глори, Бадр Хари и Бенјамин Адегбај не престануваат да се подготвуваат за главната борба на Глори 76, што ќе се одржи во ноември. Влогот е шанса за титулата во тешка категорија и нова битка со Рико Верховен. Во минатото и двајцата борци се бореа за појасот во тешка категорија, но загубија.

Хари има скор 106-15 во рингот и се уште нема победа во Глори. Бадр два пати загуби од Рико Верховен со технички нокаут откако се здоби со повреди на двата меча. Имаше и реванш со Хесди Гергес и победи, но падна на допинг тест и победата беше поништена. Значи, официјално Хари не победил во рингот веќе 5 години.

Адгебај има скор 34-6 и победи во 6 од последните 7 борби. Бенјамин доаѓа по победата над Маршал, која ја забележа кон крајот на минатата година. На крајот на 2018 година имаше шанса да го освои Глори турнирот во тешка категорија, но загуби со нокаут од Џамал Бен Садик. Адегбај победи во 12 од последните 14 битки.

https://www.instagram.com/p/CFSUmvslTcq/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО