Бадр Хари во реваншот во Ротердам се намачи за го победи Хесди Гергес.
Во главната борба на Глори 51 33-годишниот Мароканец кој во мечот влезе со само 102 килограми изгуби значителен дел од снагата, а не доби на кондиција. Ја загуби првата, ги дуоби другите два рунди и победи со едногласна одлука на судиите – 29-28, 30-27, 30-27, 30-27, 30-27.
Гергес првата рунда ја отвори со лоу кик на што Мароканецот одговори со три удари со нога во телото. Хари со предниот директ создаваше прилики за напад со рацете и нозете во телото на противникот, но е Египјанецот во последната минута добро го притисна Мароканецот и го погоди со бокссерска серија која ја заврши со лоу кик. Гергес рундата ја заврши со уште еден низок удар што видливо го заболе Хари.
На почетокот на втората Гергес повторно го притисна исцрпениот Хари и покрај јажињата работи боксерска серија која ја завршува со еден силен лоу кик. Во средината на рундата Мароканецот ја презеде контролата, отккао Гергес почна да се заморува.
Третата рунда во целост му припадна на Хари кој беше поагресивен и многу подобро боксираше, главно напаѓјќи во телото.
Нивната прва борба во мај 2010 година беше прекината во втората рунда откако Хари со нога го уадри Египјанецот во главата додека тој беше на подот, а Гергес победи со дисквалификација.
34-годишниот Египјанец победи во само една од последните шест борби.
https://youtu.be/dND5AcSa0tI
https://www.facebook.com/Riforiginal/videos/1573707106082234/
.