Аизиз Исмаил од Металург повторно е шампион на Македонија откако вчера на Државното карате првенство во Штип на уверлив начин дојде до победата, извојувајќи три убедливи победи или конечен скор 15-0.
Токму со оваа титула Исмаил е на пат да си обезбеди место во репрезентацијата за Европското и Светското првенство, но тоа ќе мора да го потврди на Балканското во Истанбул, Турција.
Што значи враќањето на титулата?
-Според мене, ако има нешто потешко од освојување прво место е зачувувањето на првото место, од тој аспект успеав да ја задржам титулата државен првак од лани односно две години по ред државен првак во сениори.
Во сите борби имаше едностваен и брз стил на борба. Дали тоа ги изненади твоите противници?
-Мислам дека не ги изненади, имав нова стратегија и по различен стил на борба за разлика од лани со брзи напади, чекање прав момент за поен и добра концентрација се клучните фактори за мојата победа на ова првенство. Од тој аспект, моите противници очекуваа вакво нешто од моја страна.
Дали отсуството на Енес Самилагиќ ја намали тежината на борбите во категориите?
-Секој поединец во нашата категорија е врвен каратист со успеси во меѓународни првенства, се случија и неколку изненадувања, но не мислам дека отсуството на некои натпреварувачи би можеле да го сменат резултатот.
За да избориш место во репрезентацијата, треба и на Балканското првенство да имаш добар резултат. Што очекуваш?
-Секако Балканското ќе ја формира репрезентацијата. Имаме уште неколку недели за да се подготвиме и да поправиме некои грешки. Ќе биде интересно. Очекувам добар резултат и потрврдување на местото во репрезентацијата. Секако, затоа и се подготвував, за Државното, за да обезбедам место за Европското и Светското првенство.
Која борбата ти беше најтешка, која најлесна на Државниот шампионат?
-Неможам да одвојам ниту една борба, секоја борба си има своја тежина со добри и искусни борци.
Направи 15-0, а не изгуби ниту еден поен. На што се должи ова?
-Тоа е одраз на добрите подготовки во изминатите четири месеци заедно со мојот личен тренер и до тренинзите во мојот клуб и моите матични тренери. Посебно ме радува фактот што до титулата стигнав без изгубен поен 15-0!
Кој е личниот тренер?
-Засега не можам да кажам. За неколку дена ќе го обелоденам името на тренерот.
75 кг
Даниел Јовески (Макпетрол) – Азиз Исмаил (Металург) 0-8
полуфинале
Доан Османи (Фати) – Петар Заборски (Макептрол) 1-1
Мурсељ Мисини (Башкими 2002) – Азиз Исмаил (Металург) 0-3
Финале
Доан Османи (Фати) – Азиз Исмаил (Металург) 0-4
1.Азиз Исмаил (Металург)
2.Доан Османи (Фати)
3.Петар Заборски (Макпетрол)
3.Мурсељ Мисини (Башкими 2002)
Ipon.mk/В.Д.