Азиз Исмаил: Ќе бидам скромен, а делата ќе ги покажат моите квалитети! (ФОТО)

Aziz so medalot

Азиз Исмаил мината година го покажа својот талент триумфирајќи на Балканското карате првенство за јуниори до 21 година, а во Карате 1 Премиер лигата беше треторангиран во истата конкуренција, а на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, минатиот викенд стави круна на својата кариера во У-21, го освои бронзениот медал во категоријата до 75 килограми.

Aziz ismail na piedestal na EP 2016

Кога веќе се стивна фамата околу ЕП. Како беше да се дојде до медалот?

-Исклучително добра и искусна конкуренција. Да се стигне до овој медал, поготово во У-21, е навистина тешко, ама чувството е неодоливо.

Велат среќата ги п рати храбрите. Колку тебе те пратеше среќата во битките до медалите, посебно во решавачката борба за медал?

Среќата ме пратеше само во борбата за бронза, каде што победничкиот поен го добив во последните 13 секунди. Да се биде меѓу најдобрите тројца во Европа бара многу работа и многу труд, а јас вложив многу и, ете, се исплати трудот.

reprezentacija vo ASM 8.2.2016 karate

Ова ти беше последна година во У-21, а тоа подразбира премин во сениори, каде што има огромна конкуренмција. Како прво, на клупско ниво во Металург има добра конкуренција, пред се Иво Цветковски, а на државно ниво е и Петар Заборски итн. Каде ја гледаш твојата шанса во оваа жестока конкуренција?

-Сениорската конкуренција секако ќе биде пожестока, но тоа не ме плаши, напротив, повеќе ме мотивира. Како и секој спорт и каратето си има свои тешкотии, како што е преминувањето во категории. Иво Цветковски е голем шампион. Многу имам учено од него и како помал него го земав за пример, но времето проаѓа. Има една поговорка: „Тренирај додека твојот идол стане твој ривал“. Веќе стигнавме до тоа ниво. Имав и се уште имам многу напорен период, а како ќе помине сето тоа ќе покаже времето. Едно е јасно – одам на победа и повторување на успесите и во сениорска конкуренција. Што се однесува до Заборски, квалитетен млад борец, со кого се сретнавме неколку пати. Му посакувам се најдобро.

sampioni so sampioni Aziz iPetar so Martin

Државното првенство е првото одмерување на силите за влез во сениосрката репрезентација? Што може да очекуваме од Азиз Исмаил оваа година?

-Државното ќе биде прво одмерување на силите, а ќе имаме уште четири изборни турнири. Како што кажав, имав и ме чека уште понапорен период. Ми треба мал одмор, но тоа ќе се види по некои турнири. Секако, може да се очекува резултат од мене, затоа што во 2015 година во сениорска конкуренција во Кобург, Гермнаија, на Карате 1 Премиер лигата бев 5-ти. Сепак, како и секогаш, Азиз ќе биде скромен, а делата ќе ги покажат моите квалитети.

Ipon.mk/В. Донев

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО