Азиз Исмаил го освои шестиот медал за Македонија на Европското првенство

Aziz letecki udar

Азиз Исмаил во категоријата до 75 килогарми во јуниори до 21 гоосвои шестиот медал за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар. Исмаил во борбата за бронзениот медал го совлада Португалецот  Мигуел Диз.

Aziz ismail na piedestal na EP 2016

Азиз Исмаил во првото коло беше слободен, а второто го победи со 1-0 Матео Шитум од Хрватска, потоа беше поразен од Данецот Лудвиг Абилд со 2-1, бидејќи данскиот репрезентативец во полуфиналето го совлада Португалецот Мигуел Диз со 3-2 му овозможи на Исмаил во репасажот да се бори за бронзениот медал.

Во првата борба во репасажот Исмил беше подобар од Ерменецот Серјожа Сагарсјан, совладувајќи го со 2-1. Во клучната борба за бронзениот медал со Португалецот Диз….

Другите наши претставници денес многу не се прославија.

Мартин Стојменов (-60 кг) првата борба ја доби со 8-0 против Ерик Геворгјан од Ерменија, потоа против Флорин Гоголоси од Романија славеше со 5-2, а загуби со 2-1 од Оргес Арифи од Косово, кој во полуфиналето загуби со 4-1 од Шпанецот Ангел Медина.

Адил Мехмед (- 67 кг) првата борба ја доби со 3-0 против Родриги Пина од Португалија, а втората ја загуби со 4-3 од Лука Д’ Агуи од Италија.

Виктор Крстевски (-84 кг) е совладан во првото коло од Џамал Ото од Англија со 4-3. Емир Ќосовиќ (+84 кг) во првото коло беше слободен, додека Босанецот Санин Канлиќ славеше со 2-1 во второто коло.

Во женска конкуренција во У-21,  Христина Ристиќ (-50 кг) загуби во првото коло од Австријката Јулија Рајтер со 0-5, Јована Георгиева (- 55 кг) испадна по судиското изјаснување, откако дуелот против Андреа Брито од Франција заврши нерешено, 3-3, а Марија Василева (- 68 кг) е поразена од  Викторија Пиларова – 0-4. Драгана Тодорова (+ 68 кг) со 2-7 беше декласирана од Гркинката Анастасија дели.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО