Аземи против Бугаринот Путов во полуфиналето на „Емил Жечев“

Ардијан Аземи за противник во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија го доби домашниот боксер Вилислав Путов.

Аземи и Путов в категоријата до 91 килограм ќе се борат на 11 март, а на 12 март е финалето, каде што ги чека Бугаринот Георги Стоев кој директно се пласира.

На Аземи ова му е генерална проба пред Светското младинско првенство во Киелце, Полска, во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО