Аземи е во финалето на „Емил Жечев“ по убедливата победа над Путов (ВИДЕО)

Ардијан Аземи (-91 кг) извојува уште една убедлива победа на меѓународната сцена за финале. Аземи во полуфиналето на Меѓународниот боксерски турнир „Емил Жечев“ во Софија го совлада домашниот боксер Вилислав Путов.

Утре Аземи во финалето на овој силен турнир ќе ги одмери силите со другиот боксер од Бугарија Георги Стоев, кој директно се пласира во финалната борба.

За генералната проба пред Светското младинско првенство во Киелце, Полска, во април, неговиот тренер Насер Харуни вели дека Ардијан денеска стариот познаник од Европското првенство во Галати, Романија, го надмашил во сите елементи на благородната вештина.

„Ардијан ги исполни очекувањата и боксираше како што се договоривме. Тој беше подобар во се од бугарскиот боксер. Во финалето очекувам златен медал“, изјави Харуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО