Автобус удри поранешен борец на УФЦ, почина на пат кон болницата

Поранешниот борец на УФЦ, 29-годишниот Фелипе Коларес (12-4-0, 2-4 УФЦ) загина откако во него удри автобус.

Несреќата се случила во Гватариба, населба на западот на Рио де Жанеиро.

Несреќниот Коларес се враќал дома од тренинг, а починал на пат кон болница. Имал сопруга и шестмесечен син.

Фелипе Коларес се натпреваруваше во бантам и перо категорија и ги доби првите осум професионални мечеви.

Тој исто така ја носи титулата шампион во перо категорија во организацијата Џангл фајт.

Имаше договор со УФЦ на три години и за тоа време доби само две, а има четири порази.

Минатата година беше отпуштен од најголемата светска ММА организација по вториот пораз по ред.

Се врати на борбите во февруари кога, во дебитантскиот настап за францускиот Арес, го победи Алиун Нахаје со принуда во првата рунда.

Во јануари Фелипе Коларес ги искористи своите боречки вештини за да го совлада и приведе крадецот кој се обиде да украде мобилен телефон на една жена на улиците на Рио де Жанеиро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО