Поранешен борец на УФЦ спречи кражба, користејќи џиу-џицу вештини за да го победи разбојникот (ВИДЕО)

Бразилскиот мајстор за џиу-џицу и поранешен борец на УФЦ, Фелипе Коларес, ги искористил своите боречки вештини за да го совлада и приведе крадецот кој се обидел да украде мобилен телефон на една жена на улиците на Рио де Жанеиро.

Борецот го совладал младиот човек, го фатил во стапче и го држел додека не дојде полицијата.

Тој на својот Инстаграм објави видео на кое веќе го фатил разбојникот, а во описот објасни што се случило:

„Одев кон автомобилот и отидов да проверам дали таа жена е добро, таа беше ограбена. Јас и моите пријатели се вративме до автомобилот и го видовме разбојникот. Откако се уверивме дека не е вооружен, го совладавме и го задржав на земја користејќи џиу-џицу техника“.

На видеото се гледа како Коларес бара некој да повика полиција, а еден постар човек му предложи:

„Убиј го и фрли го во ендек, не чекај полиција“.

Но, Коларес ја смирил толпата и чекал да пристигне полицијата.

Фелипе Коларес (10-4) за УФЦ настапуваше до средината на минатата година, каде имаше две победи и четири порази. Бразилецот на 17 февруари ќе дебитира за француската промоција Арес ФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felipe Colares (@felipecabocaoufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО