Шампионката на УФЦ во бантам категорија, Ронда Русеј, во моментов е во Австралија, каде што присуствува на медиумски настапи пред УФЦ 193, што ќе се одржи во Мелбурн на 14 ноември.
Ако се уште не знаете, Русеј е глобална супер ѕвезда, каде и да оди настанува хистерија.
Погледнете како овие австралиски фанови го загубија паметот, кога Rousey им пријде да се сликаат.
На УФЦ 193 Русеј ќе ја брани титулата против Холи Холм на главниот настан на вечерта. Се очекува овој настан да собори многу рекорди.