Првата изјава на Федор по потписот за јапонската промоција

fedorpridepojas-tomokazutakawa

Федор Емилијаненко за прв пат се огласи откако беше објавено дека ќе се врати на борилиштата во Јапонија.

„Последниот император“ ќе настапи на настанот на поранешниот прв човек на Прајд Нобуки Сакакибара на новогодишната ноќ, што е традиционално за време на неговите борби.

Федор го изнесе своето мислење за враќањето, не наведувајќи ги имињата на потенцијалните противници.

„Многу сум среќен што можам да се вратам и повторно да се борам во Јапонија. Во оваа земја ММА има богата историја и многу борци ја започна својата кариера таму. Мојата борба ќе се одржи во рамките на новата јапонска промоција предводена од поранешниот сопственик на Прајд, Нобуки Сакакибара. Наскоро ќе биде објавено името на мојот противник. На турнирот ќе настапат и други руски спортисти“, се вели во изјавата за UnionMMA.ru.

Не е јасно дали Федор потпиша договор за една или две борби, а самиот Емилијаненко откри дека е заинтересиран за борба во Русија во 2016 година. Не ги споменуваше последните преговори со УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО