Аварскиот тенк тренира со планинска коза (ВИДЕО)

Абдулрашид Садулаев одлучи на тренингот да вметне разнобразност. Борачот, кој е актуелен олимписки (до 86 кг), светски (до 97 кг) и европски (до 97 кг) шампион во слободен стил, сподели на социјалните мрежи како поминува времето помеѓу тренингот на руската репрезентација.

Потсетуваме, репрезентацијата на Русија во слободен стил веќе некое време се подготвуваа во регионот Цумади, Република Дагестан, за најважниот меч во годината, а тоа е Светското првенство, што ќе се одржи во декември во Белград, Србија.

„На нашите кампови за тренинг, не само луѓето, туку и животните – копитарите имаат спортски дух. Оваа планинска коза наоѓа заеднички јазик со сите. Таа неодамна овде научи да игра со рагбистите, а сега замислете што ќе се случи по заминувањето на борците“, напиша Садулаев на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/CECcDHnlqPF/?utm_source=ig_embed

Оваа година дагестанскиот борач ја продолжи доминацијата во 97-килограми слободен стил. Ја освои четвртата титула од шампионатот на Стариот континент (2014, 2018, 2019, 2020 година). 23-годишниот борач е актуелен олимписки шампион (2016 година) во категоријата до 86 килограми. Има четири светски титули (2014, 2015, 2018 и 2019 година). Аварскиот тенк победи и на Европските игри два пати (2015 и 2019 година).

Неговиот биланс на победи и порази на душекот е импресивен. Садулаев во кариерата има 123 победи наспроти само два порази (Кајл Снајдер (САД) и Гамзат Османов (Азербејџан).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО