Аукција на предмети на легендата Мухамед Али: Златниот појас проценет на 600 илјади долари

muhamed ali so kruska

Во почетокот на септември ќе има аукција за неколку вредни предмети на боксерот кој ќе остане засекогаш запамтен, Мухамед Али.

Неколку многу вредни и значајни предмети во историјата на легендарниот боксер, Мухамед Али ќе бидат ставени на аукција. Се очекува најголема вредност да достигне шампионскиот појас на Али, освоен во далечната 1974 година.

Sampionskiot pojas od 1974 VBC

Тогаш, во борбата за светската титула, Мухамед Али го доби антологискиот меч против Џорџ Форман. Се очекува златниот појас да биде продаден минимум за 600.000 долари. Тој меч кој се одржа во Заир, е наречен „битката на векот“.

На аукција ќе бидат стевни и шортцевите што ги носеше Али во таа борба. Тие ќе имаат почетна вредност од 100.000 долари. Иста ќе биде цената и за писмото кое боксерот го испрати до списанието „Лајф“, а во кое објаснува зошто решил да ја смени верата и да стане муслиман, а името од Касус Клеј да го промени во Мухамед Али.

Легендарниот боксер почина на 3 јули на 75-годишна возраст.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО