Мите Ашкилов во категорија до 81 килограми ја продолжи серијата и се врати со уште една победа од Гранд прито и затворање на Европската Маи Таи Лига (ЕМЛ) во Софија, Бугарија.
Покрај Ашкилов, настапија уште двајца македонски натпреварувачи, Антонио Андев во категорија до 71 килограм, кој имаше две борби и во двете победи и ја освои наградата за „Најнадежен борец“. Даниел Стоименовски во категорија до 60 кг, по пехот на Европското првенство во Полска, се врати на рингот со победа.
Настапот на силната Софиска лига се оценува како успеше за нашите борци.
Билтен за вкупните настапи на македонските натпреварувачи на ЕМЛ за 2014 година.
- Мите Ашкилов -81кг 3 борби 3 победи
- Антонио Андев – 71кг 3 борби 3 победи
- Даниел Стоименовски – 60кг 3 борби 2 победи 1 пораз
- Марио Здравковски – 60кг 3 борби 2 победи 1 пораз
На по едно коло од ЕМЛ настапија и Влатко Петров, Мартин Ангелов и Дени Наќев. -Нормално, најтешкиот противник на нашите натпреварувачи беа финансиите. Секогаш кога ќе ги надминевме постигнувавме успеси, во наредната година со новите спонзори успесите ќе бидат поголеми. Сега кога имаме генерациска група на натпреварувачи кои поединечно имаат по десет или повеќе настапи, стануваме конкурентни во светот на тајландскиот бокс, а македонската репрезентација сериозен противник за секого- вели селекторот Горан Карамфиловски-Чак.
Ipon.mk/В.Д.