Арум: Ломаченко е најдобриот техничар по младиот Мухамед Али

Боб Арум ги градеше кариерите на некои од најголемите боксери на сите времиња.

Како дипломиран правник кој претходно работеше и за американското државно обвинителство, а во боксот влезе во 1966 година.

Беше промотор на Мухамед Али, на кого му се заблагодари што го научил како да биде добар промотор. Организираше големи борби вклучувајќи ги и Ивандер Холифилд-Џорџ Форман, Шугар Реј Леонард-Марвин Хаглер, Хаглер-Роберто Дуран и многу други.

Кога двократниот олимписки победник Васил Ломаченко одлучи да премине во професионалци потпиша за неговиот Топ ранг.

87-годишниот промотор вели дека не видел таква техника од најдобрите денови на Мухамед Али.

„Технички тој е најдобриот боксер уште од младиот Мухамед Али. Не Мухамед Али кој се врати по три ипол години неактивност, присилена неактивност, туку Мухамед Али кој дојде тука во 1966 година и се бореше по втор пат со Хенри Купер за светската титула, и против Брајан Лондон и Милденбергер во Германија. Тој Али беше технички апсолутно неверојатен. Не помислив дека повторно ќе видам вакво нешто сè додека не го видов Ломаченко“, рече Арум на прес-конференција пред борбата помеѓу Ломаченко и Лук Кембел во Лондон.

https://www.facebook.com/skysportsboxing/videos/1408192352690744/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО