Артур Бетербиев: Одморам, но не заборавам на тренинзите

Шампионот на ВБЦ и ИБФ во полутешка категорија, Артур Бетербиев, не си дава време за подолга пауза, дури и кога е надвор од активен тренинг. Русинот на Инстаграм објави нова објава на која се гледа фотографија од боксерска сала.

„Сега одмарам, запознавам пријатели, но не заборавам на тренинзите“, напиша Бетербиев под фотографијата.

Последниот меч на Бетербиев го имаше со Американецот Маркус Браун ноќта на 18 декември на професионалниот боксерски турнир во Монтреал (Канада), притоа славеше со нокаут во 9-тата рунда. Рускиот боксер веќе има 17 победи во 17 борби, сите извојувани со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО