Артем Лобов го тужи Конор Мек Грегор и бара огромна парична отштета

Руско-ирскиот борец Артeм Лобов објави дека го тужи Ирецот Конор Мек Грегор.

Лобов тврди дека токму тој ја дал идејата за ирскиот бренд на виски Пропер Но. твелв, но Конор ги украл сите дивиденди после тоа.

Како што е познато, пијалокот се појави во светот во 2018 година и стана хит, а во април 2021 година Конор го продаде брендот виски за 600 милиони долари на Проксимо спиритс.

Лобов бара од Мек Грегор 5% удел од приходите од продажбата.

Лобов тврди дека Мек Грегор му понудил 1 милион долари (970.000 евра), но Русинот ја одбил понудата.

Мек Грегор е доста активен во зделките во последните години, а според сите сметки, наскоро ќе добие статус на милијардер. Тука, можеби, доаѓа и одговорот на прашањето, зошто гледал да ги купи фудбалските клубови Манчестер Јунајтед и Челзи?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО