Арман Царукјан учи од „Последниот император“ пред борбата со Чарлс Оливеира

Арман Царукјан (21-3) се подготвува за една од најважните борби во својата ММА кариера против Чарлс Оливеира (34-9) во јубилејното издание на УФЦ 300, а за тоа црпи искуство од живата легенда во спортот – Федор Емелијаненко.

Ерменецот на својот Инстаграм профил сподели фотографија со „Последниот император“. На неа изгледа како и двајцата да се во боречка сала.

Царукјан има репутација на успешен борец во повеќе стилови, но Оливеира е добро познат мајстор за бразилско џиу-џицу, така што ќе му треба нешто посебно за да се справи со поранешниот шампион во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО