Аркадиуш Вжосек по отказот од Глори кариерата ја продолжува во КСВ

Полјакот Аркадиуш Вжосек беше отпуштен од најголемата светска организација за кик бокс по инцидентот во март на настанот Глори 80 во Хаселт.

Имено, за време на борбата со Бадр Хари во паузата меѓу рунди полските навивачи предизвикаа нереди во салата, а дојде и до масовна тепачка.

Во Глори процениле дека однесувањето на Аркадиуш ги поттикнало неговите фанови да направат гужва.

Организацијата набргу потоа го раскина договорот со Вжосек.

Но, полскиот борец најде нова промоција, и ќе се обиде да ја изгради својата кариера во ММА. Аркадиуш Вжосек потпиша со КСВ, а неговото доаѓање во најголемата европска ММА организација го привлече вниманието на српскиот тешкаш Дарко Стошиќ.

„Ако сакате добра борба, јавете ми се“, рече Дарко Стошиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО