Арјан Исени е пред историска шанса по 16 години да и донесе медал на Македонија од ЕП

Арјан Исени (80 кг) утре е пред историска шанса да и донесе медал на Македонија од Европското сениорско првенство во бокс во Белград.

Последниот сениорски медал за Македонија го освои Вели Мумин кој се закити со бронза на Европското првенство во Ливерпул, Англија, во 2008 година, како и две години порано во Истанбул.

Исени во последниот меч го совлада Рафаел Ховхансијан од Ерменија со поделена одлука 3-2.

На патот до полуфиналето и бронзениот медал му стои домашниот боксер Растко Симиќ.

Во првата борба Арјан го совлада Гркот Михаил Цамалидис со поделена одлука.

На ЕП учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

Резултати – Европско првенство:

80 кг
Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција) 3-2
Арјан Исени – Рафаел Ховхансијан (Ерменија) 3-2
Арјан Исени – Растко Симиќ (Србија) 24 април

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО