Арапските шеици заговараат меч Мани Пакијао-Амир Кан!

Pakijao amir kan

Авторитетниот англиски весник „Телеграф“ соопшти дека поранешниот светски шампион во осум категории, Мани Пакијао, може да се бори во 2016 година во Дубаи, Обединетите Аарпаски Емирати. Најверојатен негов противник е 28-годишниот Амир Кан.

 Пакијао во моментов се опоравува од операцијата на десното рамо. Тој заработи повреда непосредно пред дуелот со Флојд Мејведер.

 Кан има закажано меч за овој викенд во Њујорк, каде што ќе се соочи со Крис Алгиери.

Кан е поранешен е спаринг партнер на Пакијао. Боксерите секогаш одржувале пријателски однос меѓу себе.

Според познавачите на боксот, арапските шеици не жалеле пари за овој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО