Рок: Конор Мек Грегор потсетува на мене!

dwayne johnson

Двејн „Рок“ Џонсон е голем фан на УФЦ, а неодамна беше партнер на Ронда Русеј кечерското борење. Во последното интервју филмската ѕвезда даде неколкузабелешки околу претстојниот УФЦ 189, каде што ќе се сретнат шампионот Хозе Алдо и Конор Мек Грегор.

За него е спорно фаворизрањето на шампионот во оваа средба. Но, Рок ги игнорира прогнозите на букмејкерите и застанува зад Мек Грегор.

„Секој има шанса да зададе прецизен удар. Со Конор нема шега, тој е злопамтило. Алдо е исто зол тип. Она што ми се допаѓа кај Конор Conor е … Алдо има тивка самодоверба. А самодовербата на Конор не е тивка и ме потсетува на мене, кога пред години се вклучив во ВВЕ.

Бев занесен и зборував глупости и немаше нешто да не пробам или да не кажам. Очигледно во ВВЕ се покажа како добро, за да привлечам внимание. А Конор е паметен човек. Тој привлекува големо внимание околу себе“.

Рок ја сумираше сликата на Мек Грегор во една реченица.

 „Но, кажаното од него не се глупости, бидејќи успева да го поддржи тоа со своите дела“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО