АктуелноБоксРегионална лига

Арабел Рустемовски и Иса Бајрам со сигурни победи на Опен Балкан купот и на Лигата на олимписки надежи во Прокупље

Во новата сезона на Опен Балкан купот и Лигата на олимписки надежи на Меморијалниот турнир „Властмир Станишиќ – Лаци“ во Прокупље, Србија, променлив настап на македонските боксери.

Фаворитите Иса Бајрам и Арабел Рустемовски извојуваа победи, а Зулфќар Бајрам го доби мечот без борба.

Да потсетиме дека претходната сезона Пинк пантер беше прв во Лигата на олимписки надежи.

Второто коло ќе се одржи на 27 септември во Белград, а 3. и 4. коло во Битола и во Штип.

Резултати:

Олимписки надежи

Кадети
44 кг Марко Чурлиновски (Пинк пантер) – Страхиња Миљковиќ (Топличанин) 0-5
52 кг Крисијан Штрков (Пинк пантер) – Гаврило Савиќ (Принцип) 2-3
57 кг Владимир Скендеровски (Пинк пантер) – Јанко Пешиќ (Арена) 3-2
57 кг Иса Бајрам (Пинк пантер) – Матеј Тошиќ (Витез) 5-0 ТКО Р3
60 кг Зулфикари Бајарам (Пинк пантер) – Максим Банковиќ (Радник) 5-0 победа без борба
60 кг Ненад Наков (Пинк пантер) – Лука Максимовиќ (Константин) 0-5 ТКО Р1

Балкан опен куп

Јуниори
50 кг Петар Трајчески (Алексо Огненовски) – Марио Петровски (Гоша) 0-5
54 кг Лазар Димитров (Штип) – Милутин Шчекиќ (Бијлео Полје) 0-5 без борба
54 кг Андреј Мајкиќ (Алексо Огненовски) – Илхан Шаќировиќ (Олимпус Н.П.) 0-5
54 кг Арабел Рустемовски (Пелистерски јунак) – Теодор Јосијевиќ (КШ 037) 4-1

Младинци
63,5 кг Синиша Талевски (Пелистерски јунак) – Матеј Велиќ (Раднички КГ)  0-5 ТКО Р3

По првото коло на Балкан опен Пелистерски јунак со 3 бода е седми, Алексо Огненовски е 14-ти со 2 и Штип 22-ри со 1. Водечки клуб е Професионалац со 14 бода пред Витез 8 и ДСС 6.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON