Денеска во Лазаревац, Србија, се одржува Меѓународниот бокс турнир „Љуба Врапче“ накој учествуваат и младите боксери на Аперкат од Скопје.
За Аперкат ќе настапат Марио Ефремов (66 кг), Јоаким Јовановски (40 кг) и Христијан Рајков, кој нема противник.
На турнирот настапува и поранешниот член на овој клуб Петар Арсовски (43 кг) кој сега нaстапува за Локомотив од Бугарија.
Кадети:
-40 кг Јоаким Јовановски – Милан Стевовиќ (Динамо)
-43 кг Петар Арсовски – Вук Вукотиќ (Црна Гора)
-66 кг Марио Ефремов – Лазар Бован (Обилиќ Зворник)