Џошуа: Кога ќе го победам Руиз сакам сите да ми се поклонувате и да ми кажете дека сум голем

Ентони Џошуа ги нагости новинарите во неговиот трениг камп во англискиот институт за спорт во Шефилд.

30-годишниот Британец доби многу критики по неговиот прв професионален пораз во кариерата. Џошуа во јуни загуби во американското деби со прекин во седмата рунда од Енди Руиз, кој го замени Џарел Милер откако падна на допинг тестот,  и ги загуби ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појсите светски првак во тешка категорија.

Ќе се обиде да ги врати на 7 декември во Диријах, Саудиска Арабија во реваншот со „Уништувачот“. Реваншот се нарекува „Пресметка на дините“.

„Во моментов се борам со најдобриот во светот. Ќе го претепам и ќе покажам колку сум голем. Мислат дека тој така сјаен и затоа кога ќе го победам сакам сите да ми се поклоните и да ми кажете дека сум голем “, изјави Џошуа.

„Очигледно, се борам со најбрзите раце и најдобриот борец во категоријата. Па така, кога ќе го победам, сакам сите да ми се поклонувате. Тоа е нов почеток, така најдобро би го објаснил тоа“.

„Имавме доволно време да се подготвиме за реваншот. Секогаш размислувам како предизвикувач. Ме чека тешка борба, но воопшто не се плашам од Енди. Не се пукам, подготвен сум да замавнам и да разменувам удари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО