Антонио Плазибат за прв пат предводи настан на Глори со повик до навивачите

Антонио Плазибат се бори на 19 ноември на настанот на Глори против Романецот Раул Катинас. Најдобриот хрватски кикбоксер го води настанот Глори 82 на спектаклот за боречки вештини во хотелот Маритим во Бон.

Плазибат има три победи во низа (вкупно 21, со 15 нокаути), против Бенџамин Адегбај и два пати против Тарик Хбабез. Во последниот настап во мај го победи Хбабез со нокаут.

Катинас е поранешен двократен финалист на турнирот К-1, а има само еден настап во Глори. Минатиот септември романскиот борец со едногласна одлука загуби од Нордине Махиедин.

Хрватот очекува голема поддршка од навивачите, па си обезбеди десет отсто попуст при купување на карти преку интернет.

„Внесете го PLAZIBAT во ваучерот и добијте десет проценти попуст. Се надевам дека ќе ве видам што повеќе, ќе ја распродадам таа сала“, порача Антонио во пораката на Инстаграм стори.

Хрватскиот кикбоксер во друга порака ги покани фановите и најави дека Глори следната година може да организира настан во Хрватска.

„Тоа е мојот прв „главен настан“ во Глори и сега вашата поддршка ми значи многу. Се надевам дека следната година Глори ќе организира настан и во Хрватска, ова е всушност чекор кон тоа. Се гледаме во Германија“, вели Антонио Плазибат и додава:

„Имам информации дека доаѓаат многу Хрвати. Пристигнуваат навивачи од Сплит, а ме контактираа и многу луѓе од Германија. Благодарам на сите“.

Картите можете да купите на овој ЛИНК, а за да добиете десет отсто попуст внесете ја шифрата ПЛАЗИБАТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО