Антонио Маргарито победи во Мексико со тешка кражба (ВИДЕО)

Антонио Маргарито (41-8, 27 КО) се најде среде уште една крвава и контроверзна битка.

39-годишниот Мексиканец во Чихуахуи најблаго кажано со контроверзна судиска одлука го победи Карсон Џонс (40-12-3, 30 КО).

Иако се чинеше дека е на пат да доживее пораз со прекин поради повредата на окото со која со години има проблем, „Ел Торнадо де Тихуана“ ‘успеа да дојде до победа техничка одлука.

31-годишниот американски удирач беше подобар во измените и веднаш на почетокот ги отвори старите рани на Маргарито. Докторите беа во рингот уште во втората рунда за да ги погледнат повредите на Маргарито, а исеченицата која ја предизвикаа ударите судијата ја окарактеризира како судир со главите.

Во петата рунда на Џонс му е одзмен поен заради удирање со главата, а во таа рунда можеше да му стане јасно дека нема да дојде со најголемата победа во кариерата, бидејќи ја скратија рундата за 23 секунди додека трикратниот светски првак во велтер категорија беше во неволја.

Судијата на крајот ја прекина борбата пред почетокот на осмата борба и мечот отиде до техничка одлука.

Судиите борбата ја бодуваа со неверојатни 68-64, 67-65, 67-65 за Маргарито, но Џонс кој направи се за да победи, не можеше ништо на ваков гостински терен.

https://youtu.be/ytoubCajVKo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON