Ангел Љондов реди карате успеси во Словенија и е најсупешен Македонец

Скопјанецот Ангел Љондов бележи значајни успеси на карате сцената во Словенија во делот на традиционалното карате. Ангел завчера го освои бронзени медали во борби и во кати на Државното првенство на Словенија за основни и средни училишта во Домжале.

Ангел има 16 години и, според нашинците, е најуспешен спортист Македонец во Словенија.

Пред Државното првенство Љондов настапи и на „Мостар куп“ на 5 мај каде што е прв во прости борби и 4-ти во кати и кумите, а минатата недела (28 мај) на Меѓународниот турнир „Згоник“ во Италија освои златен медал во кати и четврто место во прости борби..

Со карате почнува да се знимава во Скопје, каде што тренира две години, а потоа продолжува во Словенија во ТКС Самурај од Копер кој е еден од најдобрите клубови за традиционално карате во таа земја, а, под будното око на сенсеи Стојан Шестан.

Неговиот клуб учествува на светски и европски првенства и меѓународни турнири, а Ангел Љондов има освоено над 30 медали и пехари, дипломи и признанија. Неколку години по ред добива признание за Спортист на годината и врвни спорстки достигнувања.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО