АктуелноЕвропски првенстваКик бокс
Андријано Димишковски остана без медал на Европското кик бокс првенство за млади

Андријано Димишковски остана без медал на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција, Италија, откако во четвртфиналето загуби од Црногорецот Јован Липовина.
Од нашите борци остануваат уште Марија Димовска која лани беше светски првак и Лука Змејкоски, светски вицешампион од минатата година. И двајцата се борат во полуфинале.
На ЕП настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натправрувачки влезови од 41 држава.
Резултати – Светско првенство:
Лоу кик –постари јуниори
-63,5 кг
Андријано Димишковски – Немања Глигориќ (БиХ) 3-0
Андријано Димишковски – Јован Липовина (Црна Гора) 0-3
-60 кг
Марија Димовска – Рабија Карадаш (Турција)
+81кг помлади јуниори
Лука Змејкоски – Јоанис Еманулидис (Грција) 1/2 финале



