Андреј Арловски го надмудри Карлос Фелипе, Норма Думонт подобра од Аспен (ВИДЕО)ад

Во главната борба на УФЦ Фајт најт 195 што се одржа во Лас Вегас, бразилската воинка Норма Думонт ја победи Американката Аспен Лад со едногласна одлука на судиите.

Со третиот триумф по ред Бразилката најверојатно стигна до предизвикувач за појас на шампионот во лесна категорија.

Норма беше подобра во првите три рунди, а во продолжение можеше да ја контролира борбата. Противничката се обиде да направи пресврт на мечот во четвртата рунда, но немаше доволно агресија во нејзината борба, бидејќи беше премногу истрошена во првиот дел од дуелот.

Бразилката во петтата рунда мирно го приведе мечот до крај.

Андреј Арловски во соналовната борба го победи Бразилецот Карлос Фелипе со едногласна одлука на судиите.

Белоруско-американскиот 42-годишен ветеран беше поактивен и поагресивен од противникот во првите две рунди од борбата во тешка категорија, кој подоцна се обиде да се врати, но веќе немаше време.

Ова е втора победа по ред на Арловски.

Резултати – УФЦ Фајт најт 195:
Норма Думонт – Аспен Лад-едногласна одлука на судиите (49-46, 49-46, 48-47)
Андреј Арловски – Карлос Фелипе – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Џим Милер – Ерик Гонзалес – КО (удар), Р2 (0:14)
Манон Фиорот – Мајра Буено Силва – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Нејт Ландвер – Шудовит Клајн – завршница (давење анаконда), Р3 (2:22)

Воведни борби:
Бруно Силва – Ендрју Санчез – ТКО (удари), Р3 (2:35)
Дени Робертс – Рамазан Емеев – поделена одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Луана Каролина – Лупита Годинез – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Данаа Батгерел – Брендон Дејвис – ТКО (лакти и удари), Р1 (2:01)
Аријан Карнелоси – Истела Нунес – завршница (давење од позада), Р3 (2:57)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО