Андреа Нисева со четири ефектни победи до златото, целта е ЕП во Загреб, но дали ќе биде во македонската репрезентација

Вчера на Државното првенство на Бугарија во Стара Загора за борачки до 15 години штипјнаката Андреа Нисева (46 кг) која настапува за ДК Асеновград во силна конкуренција, во најбројната и најквалитетна категорија со 15 натпреварувачки, го освои златниот медал откако совлада  четири противнички.

Во првата средба Нисева ги одмери силите со Наталија Бојаџиева од В.Трново во која извојува победа со 4-0, втората борба ја имаше против борачката  Александра Николова истоа така од В.Трново со резултат 10-0, третата борба ја совлада Олга  Попова од Руен со резултат 4-3, инаку, исто така натурализирана, со потекло од Молдавија, исклучително квалитетна борачка која била буквално без пораз до денешната среба. Но, и покрај водството на Молдавката од 3 поена, Андреа смогна сили да освои 4 поени и ја победи. Во финалето против Ивета Иванова од Средец, исто така натурализирана, но со украинско потекло, славеше со 5-2, во средба полна со неисвесности и водството на Ивета во првата рунда со 1-0. Андреа во втората рунда освои 5 поени и успеа да ја заврши борбата со позитивен резултат за неа.

„Севкупно добар впечаток и секако акумулација на искуство кое ќе и биде потребно во наредниот период, бидејки веќе на 26 март не очекува и второто полувреме, односно второто Државно првенство во Бургас. Веќе од понеделник продолжуваме со тренинзи, бидејќи времето е многу кратко, а има и многу да се работи на душекот, за да се отстранат грешките и надополни со нови зафати и ситуации“, вели Марјан Атанасовски од БК Олимпија од Штип,матичниот клуб на Нисева и додава:

„Сакам да испратам и апел до АМС и диекторот Наумче Мојсовски, како и до Федерацијата, да се надминат самите себе и личните мисли и желби да ги стават во втор план.Да седнат и сериозно да размислат како понатаму и да донесат одлука во интерес на спортот и спортистите, како и во интерес на Македонија. Во најбрз можен рок  ја стават Олимпија како активен субјект во календарот на натпревари и веќе следниот викенд борачите да бидат на душекот, каде и е местото. Десетина борачи се веќе регистрирани во Бугарија и ќе ги имаат своите пет минути таму“.

Атанасов не го напушта оптимизмот:

„Нашата цел е Европското првенство У-15 кое ќе се одржи од 16 до 19 јули во Загреб, Хрватска, се разбира, доколку биде избрана од страна на селекторот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО